„Верувам дека Милош Вучевиќ има професионални и лични квалитети да ја извршува функцијата премиер и ме увери дека може да обезбеди избор на Влада“, вели српскиот претседател Александар Вучиќ.
Милош Вучевиќ, поранешен министер за одбрана и лидер на владејачката Српска напредна партија (СНС) го доби мандатот за формирање на новата влада на Србија.
Одлуката ја објави српскиот претседтале Александар Вучиќ на профилот на Инстаграм каде напиша дека за ова се одлучил откако ги слушнал мислењата на претставниците на избраните изборни листи.
Во Решението, потпишано од претседателот на Србија, се наведува дека Милош Вучевиќ досега ги извршувал одговорните и напорни функции на вицепремиер и министер за одбрана „со што покажал дека ја поседува посветеноста и стручноста потребни за ги извршува функциите на премиерот“.
„Верувам дека Милош Вучевиќ има професионални и лични квалитети да ја извршува функцијата премиер и ме увери дека може да обезбеди избор на Влада“, рече Вучиќ.
Новиот премиер, посочува Вучиќ, ќе продолжи со реализација на програми насочени кон подигање на стандардот на сите граѓани, проекти од областа на здравството, образованието, науката и технологијата, развојот на инфраструктурата, екологијата, енергетиката, земјоделството, туризмот, како и во други области од значење за иднината на Србија и нејзиниот напредок на европскиот пат.