ПОЧЕТНА ЕКОНОМИЈА Сојузот на синдикатите на Македонија почнува серија протести

Сојузот на синдикатите на Македонија почнува серија протести

82

Работникот е иднината и работникот е пред се’. Ниту работодавачите, ниту газдите се тоа“-порачаа од Сојузот на синдикати на Македонија. Низа незадоволства, па затоа во вторник работниците излегуваат на протест од пред зградата на ССМ до Врховен суд, се’ со цел да им укажат на судиите дека треба да се одважат и да се донесе нова пресуда час поскоро, со која ќе го вратат работничкиот дом, на работниците.

Пред еден месец синдикалците доставиле предлог за повторување на постапката врз основа на новите докази, до граѓанскиот суд.

„Ние во вторник, ќе ги охрабриме да ја преиначат пресудата-срамната пресуда за конфискација на работничкиот дом изграден од работниците и за доделување на државата. На државата не и треба уште една зграда, но и требаат работници и синдикати.“ – изјави Слободан Трендафилов-претседател на Сојуз на синдикати на Македонија.

Минималната плата од 22 576 денари, која веќе е објавена, истата треба да биде основа за усогласување на платите на повеќе од 60 000 работници во јавниот сектор. Но, работниците од дејноста здравство, полиција и образование нема да добијат усогласување на нивните плати со порастот на минималната плата. Ваквиот заклучок не е предвиден со Колективен договор, ниту со закон. Па затоа на осми април, работниците повторно ќе излезат на улица.

„Управата, правосудството на локално, односно општинско ниво, правобранителство, јавнообвинителската служба, судската служба и.т.н. ќе добијат сите усогласување со нивните плати, имајќи в предвид дека синдикатот УПОЗ веќе потпиша низа Колективни договори, кадешто ова право е утврдено.“ – изјави Трендафилов.