ПОЧЕТНА СВЕТ 🎥 ВУЈКОТО НА ИСЧЕЗНАТАТА ДАНКА ГИ НАПАДНА НОВИНАРИТЕ Што има на снимката...

🎥 ВУЈКОТО НА ИСЧЕЗНАТАТА ДАНКА ГИ НАПАДНА НОВИНАРИТЕ Што има на снимката од соседството снимена на кобниот ден?

2267

Во Србија сè уште се трага по 2-годишно девојче Данка Илиќ кое исчезна во вторникот во приградската населба Бањско поле кај градот Бор. Во меѓувреме кружат различни претпоставки и теории за тоа каде е девојчето и што се случило на кобниот ден. Некои детали од потрагата фрлаат дополнителна мистерија на целиот настан. Некои од соседите веруваат дека девојчето е киднапирано.

И покрај обидите на јавноста да помогне во пронаоѓањето на малата Данка, некои од членовите на семејството не се расположени за соработка. Новинарката на Информер, Јелена Рафаиловиќ при вклучувањето во живо од Бор во врска со исчезнувањето на Данка, нападната е од вујкото на девојчето кој под стрес поради новонастанатата ситуација во која се нашол, бара да се исклучи камерата и ги брка новинарите велејќи им дека тука нема што да бараат.

Од надзорната камера лоцирана во дворот од една од соседните куќата во Бањско Поље, симната е видео снимка на која е снимено семејството на исчезнатото девојче на кобниот ден. Полицијата ја прегледала снимката во рамките на истрагата, а сосетката во чија куќа е поставена камерата, за Курир открива што има на снимката која полицијата ја зела околу 19 часот и 30 минути, околу 6 часа по исчезнувањето на малата Данка.

– Пред околу еден месец поставив камера само заради безбедноста на мајка ми бидејќи работам во туризам, инаку населбава е мирна и безбедна. Јас живеам овде 30 години и никогаш немало никаков проблем. Сега испадна дека е добро е што ја поставив камерата ако може снимката да помогне во истрагата. На видеото се виде дека мајката оди по улица со децата. Десетина минути подоцна дојде и таткото. Десет минути подоцна пристигна и полициската патрола. Се надевам дека наскоро ќе го најдат девојчето – вели Јасмина Стојадиновиќ во изјавата за Курир нагласувајќи дека „не сака да каже ништо повеќе за да не влијае на истрагата“.

Двегодишното девојче Данка Илиќ од Бор исчезна во вторникот околу 13.30 часот во населбата Бањско поле.

Потрагата по исчезнатото дете сè уште трае, сите надлежни се на терен и интензивно се работи за нејзино пронаоѓање. Во потрагата по исчезнатото девојче се вклучени и форензичари и припадници на белградската криминалистичка полиција, информираат српските медиуми

Таткото и мајката на двегодишното девојче вчера поминале неколку часа во полиција и дале изјава во врска со исчезнувањето на нивната ќерка. Веднаш по сведочењето, таткото е тестиран на полиграф, а на мајката не и е извршено тестирање бидејќи е бремена.