По информацијата, која ја изненади јавноста, дека Обединети за Македонија на Љубе Бошкоски ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, Бошкоски вели дека неговата одлука, која се уште не е конечна, е од чисто идеолошка причина.
На прашањето на ,,Фокус” да ги појасни мотивите за коалицирање со партијата, бидејќи обвинуваше дека поради поранешните челници на партијата заврши во затвор, Бошковски вели:
– Во 2009 година ја напуштив ВМРО-ДПМНЕ, но идеологијата НЕ. Тоа го сторив поради тоталитарното владеење на двајцата братучеди, Груевски и Мијалков, со кое не можев да се согласам како демократ. Сведоци на нивните политики беа сите граѓани. Режимот на Груевски и неговиот братучед го достигнаа врвот со монтажа на предметите ,,Кампања” и ,,Ровер”, поради кои поминав години во затвор. И да, по сето тоа, граѓаните со право ќе се запраашаат што барам со ВМРО-ДПМНЕ?
Но сакам да потсетам дека од Југославија, па навака, мене не ме прескокнал ниту еден режим, како и оној во времето на Хари Костов за ,,Раштански лозја”. Значи нема режим кој ме прескокнал!, истакнува Бошкоски за ,,Фокус”.
Сепак, како што вели, и покрај се, неговата идеологија е ВМРО.
-По ослободителната пресуда во 2016-2017 за ,,Ровер”, кога излегов од суд кажав дека доколку новото раководство се огради од Груевски јас ќе размислам да се вратам како коалициски партнер. Немам никакви услови и барања, пратенички места, советнички, вработувања… Сето тоа е од идеолошки причини. Немав барања ниту од СДСМ, важно беше да се сруши режим. Ниту пак некогаш ќе зборувам против нив, како што тоа сега го прават други, а се уште се на раководни места. Јас советничкото место за странски инвестиции го напуштив пред половина година со резултати зад мене, а примањата ги донирав на помалку имотните од мојата партија.
Борбата беше да се сруши режимот и да се вратиме таму каде што идеолошки припаѓаме, сакам да бидам во десницата, појаснува Бошкоски.
Целиот текст на ФОКУС.мк