ПОЧЕТНА СВЕТ Папата се огласи по терористичкиот напад во Москва: Се молам за жртвите

Папата се огласи по терористичкиот напад во Москва: Се молам за жртвите

86

Папата Франциско го осуди терористичкиот напад во концертната сала во Москва како „одвратен“ чин што го навредува Бога, велејќи дека неговите молитви се со жртвите.

– Се молам за жртвите од гнасниот терористички напад во Москва, Господ да ги прими во мир, да ги утеши нивните семејства и да ги преобрати срцата на оние кои ги извршуваат овие нечовечки дејствија кои го навредуваат Бога – рече Папата денеска на плоштадот Свети Петар по мисата на Цветници.

Во терористичкиот напад во Красногорск, Подмосковље, вечерта на 22 март загинаа 133 лица, а десетици беа ранети.

Како што е познато одговорноста за нападот ја презеде „Исламска држава“.