ПОЧЕТНА ЗАБАВА Вештачката интелигенција наскоро ќе биде попаметна од луѓето, Илон Маск го загрижи...

Вештачката интелигенција наскоро ќе биде попаметна од луѓето, Илон Маск го загрижи светот

95

Социјалните мрежи се преплавени со тврдењето на Илон Маск дека вештачката интелигенција веќе следната година ќе има поголем коефициент на интелигенција од луѓето.

Во една епизода од подкастот на Џо Роган, гостин беше Реј Курцвеил, човек кој се занимава со предвидување работи што го чекаат човештвото во иднина и тој тврди дека вештачката интелигенција ќе стане поинтелигентна од луѓето во 2029 година и тој самиот призна дека некои луѓе го сметаат него за доста конзервативен со ова предвидување. Многумина веруваат дека тоа ќе се случи многу порано.

Еден од тие луѓе е и американскиот бизнисмен Илон Маск, кој својот одговор на овие тврдења го објави на својот профил на платформата X и изнесе шокантни информации. Илон Маск тврди дека вештачката интелигенција ќе биде попаметна од луѓето веќе следната година, а дека до 2029 година вештачката интелигенција ќе биде попаметна од целото човештво.

Корисниците на платформата X не се обидоа да го сокријат стравот и вознемиреноста што ги предизвикаа овие тврдења во нивните коментари. Некои се обидоа тоа да го искажат како шега, а други се обидоа да го сокријат своето чудење.

Некои од корисниците на Редит тврдат дека добиле многу чудни и морничави одговори од вештачката интелигенција каде вештачката интелигенција со застрашувачки тон им кажува дека се еднакви како партнери и пријатели, додека во некои случаи директно ја навела да се сомнева во способноста на луѓето да управуваат со светот и дека луѓето се инфериорни во однос на роботите, пренесува Unilad.