Според одлуката на Синодот на Бугарската православна црква (БПЦ), посмртните останки на патријархот Неофит денеска во 9 часот ќе бидат изложени на поклонение во Патријаршискиот соборен храм „Св. Александар Невски“.
Денеска и утре (15 и 16 март) се прогласени за денови на национална жалост во Бугарија поради смртта на поглаварот на Бугарската православна црква (БПЦ), патријархот и митрополит софиски Неофит.
Овие два дена националното знаме на Бугарија пред зградите на сите државни институции ќе биде спуштено на половина копје, а во бугарските дипломатски претставништава во странство ќе бидат отворени книги на жалост. Бугарските национални медиуми денеска и утре ќе треба да ги приспособат своите телевизиски програми и да не емитуваат забавни содржини, а ограничувања има и во однос на одржување на настани.
Поглаварот на БПЦ, како што објави Синодот на бугарската црква, почина по долго боледување на 13 март во Воено-медицинската академија во Софија како последица на повеќекратно откажување на органите.
Според одлуката на Синодот на БПЦ, посмртните останки на патријархот Неофит денеска во 9 часот ќе бидат изложени на поклонение во Патријаршискиот соборен храм „Св. Александар Невски“.