ПОЧЕТНА СВЕТ 33 лица се приведени поради сомнение за подготвување напад во пресрет на...

33 лица се приведени поради сомнение за подготвување напад во пресрет на изборите во Турција

235

Група од 33 лица е приведена поради поврзаност со Исламска држава и план за напад пред изборите во Турција закажани за 31 март.

Антитерористичката полиција во Сакараја во северозападна Турција во рациите пронашла оружје, пари и документи за организацијата.

Во последната деценија, терористичките напади зачестија во оваа земја. Исламска држава е поврзана и со најсмртоносниот што се случи во 2015 година кога загинаа над 100 луѓе на мировен собир во Анкара.