ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА НЕ Е НЕВОЗМОЖНО ДА ОСВОИМЕ 61 ПРАТЕНИК Муцунски вели дека неопходна е...

НЕ Е НЕВОЗМОЖНО ДА ОСВОИМЕ 61 ПРАТЕНИК Муцунски вели дека неопходна е позитивна кампања

195

Некогаш се случуваат бранови на масовна поддршка. Во моментот има услови за такво нешто“, смета Тимчо Муцунски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Аеродром, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

За очекувањата на лидерот Христијан Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ може да освои 61 пратеничко место односно апсолутно мнозинство на парламентарните избори и колку е тоа реално со оглед на предизборните анкети кои досега не покажале повеќе од 54 пратеници за опозициската партија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, прави паралела со локалните избори.

– Немаше ниту една анкета која велеше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има повеќе од 40 градоначалници. Тоа зависи примарно од нас како политичка партија. Граѓаните, во принцип, често се имаат определно за кого ќе гласаат и пред да почне кампањата или имаат став дека веројатно ќе гласаат за некој политички субјект или кандидат. Но, ние сега имаме можност со добра кампања, примарно би рекол, ако е возможно, со сто проценти позитивна кампања, да им понудиме на граѓаните надеж. Бидејќи тоа недостасува во нашето општество. Има доза на песимизам кај одредени луѓе кога ќе речеме 61 пратеник, но верувам дека со верба, со добра кампања, канидати и програма, не е невозможно – вели Муцунски.