Американскиот претседател Џо Бајден двапати ја замени Газа со Украина најавувајќи дека Соединетите Држави ќе ја обезбедат очајно потребната помош на палестинската територија разурната од војна. 81-годишниот Бајден вчера потврди дека хуманитарната помош ќе биде доставена по воздушен пат во Газа.
„Во наредните денови, ќе им се придружиме на нашите пријатели во Јордан и на другите кои испорачуваат дополнителна храна и залихи“, рече Бајден.
Тој додаде дека Вашингтон „ќе настојува да отвори други рути, вклучувајќи можеби и поморски коридор“. Обединетите Арапски Емирати, Египет, Франција, Јордан и Велика Британија веќе исфрлиле храна и други залихи, пишува Sky News.
Меѓутоа, американскиот лидер двапати по грешка спомна дека помошта ќе биде отфрлена во Украина, оставајќи им на претставниците на Белата куќа да разјаснат што тој навистина сакал да каже. Најавата на Бајден дојде за време на средбата со италијанската премиерка Џорџа Мелони.
„Помошта што доаѓа во Газа не е ни приближно доволна. Сега не е ни приближно доволна. Животите на децата и невините се загрозени. Нема да запреме додека не добијат поголема помош“, порача Бајден.
Тој, исто така, рече дека се надева дека ќе има договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас до Рамазан, светиот муслимански месец. „Ние сè уште работиме многу напорно на тоа“, нагласи тој. Тој објасни дека сите страни мора да се согласат, а тоа е „уште далеку“.
Watch this Biden video closely. His handlers give him notes to read because his brain is toast. Then, the second he looks up and says a few words without the notes. He mixes up Gaza with Ukraine. 🤣🤣 pic.twitter.com/Sie8IT5BOm
— Vince Langman (@LangmanVince) March 2, 2024