Германската влада ја зголемува за уште 20 милиони евра хуманитарната помош за луѓето во блокираниот Појас Газа, кој со месеци е подложен на непрестајно израелско бомбардирање, објави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, цитирана од ДПА.
Сепак, тоа е далеку од доволно за да се задоволат потребите на жителите на Газа, нагласи шефот на германската дипломатија.
-Бројот на камиони кои доставуваат спасоносна храна, лекови и друга помош во Газа нагло се намали во последните недели. Ова е неприфатливо.
Израелската влада мора веднаш да дозволи безбеден и непречен пристап до хуманитарна помош, рече Бербок.
Според податоците на германското Министерство за надворешни работи, Берлин во последната финансиска година обезбедил вкупно 206,5 милиони евра на Агенцијата за помош и работа на Обединетите нации за палестинските бегалци (УНРВА).
Жителите на Газа добија 83 милиони евра од оваа сума.