Првата сопруга на Аркан денес живее во Америка со своите наследници, а останала неверојатна дама.
Жељко Ражнатовиќ Аркан бил српски политичар, паравоен командант и спортски работник, иако се чини дека е најпознат по бракот со пејачката Цеца Ражнатовиќ. А неговиот приватен живот, но и деловниот, не престанува да ја интригира јавноста, иако поминаа повеќе од 23 години од убиството пред хотелот „Интерконтинентал“.
Зад себе остави девет деца и многу комплицирани семејни односи, но првата сопруга на Аркан, Наталија Мартиновиќ, се однесуваше како вистинска дама од првиот до последниот ден од нивниот заеднички живот.
Од 1981 до 1994 година била во брак со основачот и главен командант на паравоената Српска доброволна гарда, претседателот на ФК „Обилиќ“, како и основачот и претседател на Српската партија за единство. Аркан со Наталија имаше четири деца, близнаците Војин и Никола и две ќерки Маша и Милена.
Имено, кога Жељко ѝ признал дека се заљубил во Цеца, Наталија ги земала нивните четири деца и со неколку куфери излегла од нивната куќа.
„После 13 години брак со Наталија се разведов. Мојата Маша се роди додека бев во хрватски затвор. Со сопругата не сме заедно три години. Имав три брака, но никогаш не сум била женкар. Не сум имала љубовни афери. За 13 години колку што бев со бившата сопруга, ништо не се посомневаше. Тогаш се заљубив во Цеца и ѝ кажав на сопругата. Всушност, тоа се случи постепено. Цеца беше упорна. Таа ми се отвори ми зборуваше за нејзината љубов и јас полека ја прифатив“, изјави Аркан во 1996 година.
Наталија по разводот и семејната трагедија кога и почина братот, реши да ја напушти Србија со децата, а денес живее и работи во Америка.
„Тие се во Америка, во Лос Анџелес. Знам дека живеат тешко, се мачат. Наталија се грижи за деца, таа е бебиситерка. Ми велат дека и се слошило… Близнаците и Милена завршиле факултет, работат по две работи за да можат да живеат, а најмладата Маша уште студира – објасни поранешниот финансиски директор на сите фирми на Жељко Ражнатовиќ“, Павле Стевовиќ.
Како што истакна, не и било воопшто лесно да се снаоѓа далеку од своите најблиски во нова земја, но со текот на времето сите работи си дошле на свое место. Отпрвин едвај врзувале крај со крај, но успеаја и се изборија за убав и удобен живот. Нејзините наследници пораснале и го пронашле својот пат, а таа станала неизмерно горда мајка.
Првата сопруга на Аркан особено ги изненади сите со своите постапки на денот кога беше убиен Жељко. Пејачот Зоран Калезиќ во интервју зборуваше за тој настан.
– Кога беше убиен Аркан, Наталија (првата сопруга на Аркан), нивните деца, мојата сопруга Вера и јас отидовме од нашата куќа во домот на Жељко. Мајка ми изгуби два сина, двајца од моите браќа. Знам колку е тешко. Се сеќавам на солзите на мајката на Аркан, Славка – изјави Калезиќ за „Мондо“ и додаде:
– Кога влегов во куќата на Аркан, неговата мајка плачеше. И пријдов и ја бакнав. И сега, секогаш се случува некој да е со Цеца, а некој со Наталија. Ова се некои од нашите балкански приказни кои не се потребни во тие моменти. Наталија беше отмена кога рече – не ми кажувај ништо за тоа, се му е простено од мене, тој ја сакаше оваа жена (Цеца, забелешка на авторот). Така може да каже само чесна жена, како Наталија, во моментот кога таткото на нејзините деца е мртов – заклучи тогаш пејачот.
Извор: Женски магазин