Екипи на Македонија пат утрово ги расчистуваа одроните на неколку локации, со предупредување дека во услови на влажно време потребна е претпазливост при учеството во сообраќајот.
Во Пијанечко-Малешевскиот регион продолжува расчистувањето на одрони на регионалниот пат Делчево – Пехчево – Берово. Појава на одрони имаше и на патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани кој е дел од магистралата А3, како и на патот Берово – Виница. Екипи на Македонија пат утрово ги расчистуваа одроните на неколку локации, со предупредување дека во услови на влажно време потребна е претпазливост при учеството во сообраќајот.
-Поради дождот кој непрекинато паѓаше, а потпомогнат од ветрот можни се одрони и во текот на денот на гореспоменатите делници. Наша обврска е редовно да ги отстрануваме истите, а апелираме тоа возачите да не го прават самоиницијативно, за да не дојде до не дај боже некои повреди – истакнаа од Македонија Пат.
Почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината е препораката која ја упатија до возачите.
-Знаеме дека се свесни возачите за ризик при возење по влажно време, но сепак повторуваме дека нема зошто да се брза. Нашите екипи остануваат во редовна обиколка и чистење на наносите онаму каде се забележани – додаваат од Македонија Пат.
Утрово дождот во Пијанечко-Малешевскиот регион престана, но се вози по влажни коловози долж сообраќајниците во овој регион.