Првиот човек на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, придружуван од приврзаници, извршил напад врз директорот за управување на одземен имот Дритон Небиу од истата партија. Небиу бил со семејството и пријатели во тетовски ресторан кога бил нападнат со кундак, објави 4NEWS.mk
Според извори на порталот, напаѓачот е К.О., познат член на тетовското подземје и на навивачката група Балисти.
Од полициски извори порталот дознава дека К.О. има полициско досие за палење на автомобил во сопственост на ЕВН.
Целата вест на „Фор њуз“, клик ТУКА.