ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Приведена битолчанка барана по потерница

Приведена битолчанка барана по потерница

92

Вчера во 11.00 часот на улица „Бранко Радичевиќ” во Битола, полициски службеници од МВР и СВР Битола ја лишиле од слобода В.М.(59) од Битола.

Таа била барана по потерница врз основа на наредба од Основен суд Битола за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено- поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.