Вчера во 10:16 часот, Е.Ј.С. од Скопје пријавила дека на улицата Александар Македонски во Скопје избувнал пожар во семејна куќа, сопственост на Е.С. (49) од Скопје. Во моментот на настанот, во куќата се наоѓале 12-годишниот син на пријавителката и нејзината мајка, В.Ј.
-По преземените мерки и активности од страна на полициските службеници на СВР Скопје, двата лица беа успешно извлечени од куќата и пренесени со Итна медицинска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ заради вдишување на чад, изјавија од Министерството за внатрешни работи.
Како што информираат од МВР, исто така, и еден полициски службеник бил изложен на чад и бил пренесен во болница за да му укажат лекарска помош, но неговата состојба е стабилна.
Пожарот беше изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита, а од страна на полицијата се преземени сите неопходни мерки за расчистување на случајот. Јавен обвинител е известен за настанот, а увид бил извршен од увидната екипа на СВР Скопје.
-Нема повредени лица, а пожарот е целосно локализиран, додаваат од МВР.