ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Прекинато водоснабдување во дел од Општина Чаир

Прекинато водоснабдување во дел од Општина Чаир

24

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека, денеска(четврток):

·поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф 250мм и Ф 80мм, на ул. Џон Кенеди бр. 18, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Џон Кенеди бр. 2, објектите на Маркет Веро и Поштата, а со намален притисок ќе бидат корисниците од населба Топанско Поле. (Општина Чаир).