ПОЧЕТНА СВЕТ Масовно убиство во Цетиње, 12 жртви

Масовно убиство во Цетиње, 12 жртви

252

45-годишен маж со огнено оружје вчера (среда) уби најмалку 12 лица во Цетиње, меѓу кои и две деца. Претходно се зборуваше за десет загинати.

Според информациите на локалните медиуми, сторителот делото го извршил во кафеана, а потоа при бегството наводно убил двајца малолетници и ранил една жена, соопшти министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ.

По неколкучасовна потрага, напаѓачот си нанел смртоносни повреди од кои при транспорт во болница починал.

Најпрво не беше јасно што го предизвикало крвавиот чин на сторителот, пренесува германската новинска агенција ДПА. Полицијата претпоставува дека не се работи за кривично дело поврзано со организиран криминал, туку за емотивен чин.

Германската агенција потсетува дека во истиот град во август 2022 година, вооружен напаѓач застрела десет луѓепред самиот да биде убиен од вооружен минувач.

Во информацијата се наведува и дека во Црна Гора и другите балкански земји многу луѓе се вооружени и често немаат дозволи за поседување на оружје.

По вчерашното злосторство во Црна Гора е прогласена тридневна жалост.