ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Сообраќајот на државните патишта по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта по претежно суви коловози

17

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по суви коловози. Интензитетот е умерен надвор од градовите, а на граничните премини нема подолги задржувања.

АМСМ препорачува прилагодена брзина, почитување на сообраќајната сигнализација и внимание на патиштата во котлините, реките и клисурите поради можни одрони. Особено внимание треба да се посвети на патиштата: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку Галичица, е затворен за сообраќај од 15.11.2024.