ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Деспотовски нема да се жали на одлуката за одземање на пасошот

Деспотовски нема да се жали на одлуката за одземање на пасошот

570

Поранешниот директор на Дирекцијата за ТИРЗ и кандидат за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски, во изјава во вестите на Сител рече дека нема да се жали на одлуката на Кривичниот суд да му одреди мерки на претпазливост, за да покаже, како што вели, дека е достапен пред правдата во секое време.

Основниот Кривичен суд го прифати предлогот на Јавното обвинителство и на Деспотовски му определи мерки на претпазливост со одземање на патната исправа и повремено јавување во судот.

Деспотовски денеска вели дека не се чувствува виновен и дека сите контроли покажале дека совесно ја извршувал својата функција.- Сме биле подложни на надворешна ревизија, контрола на работењето постоела секогаш. Јас очекувам дека сите овие ревизорски извештаи ќе бидат земени во предвид, бидејќи ниту еден не укажува на сериозни нерегуларности, тврди Деспотовски.

Според медиумски пласирани информации, тој е на тапет поради тендер од пред неколку години за изградба на слободните индустриски зони во Штип и Струмица.