ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Сиљановска го прими министерот Филков, рaзговараа за помилувањето

Сиљановска го прими министерот Филков, рaзговараа за помилувањето

77

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари работна средба со министерот за правда, Игор Филков.

Двајцата соговорници рaзговараа за соработката во процесот на помилувањето, но и за потребата од донесување на нов Закон за помилување. На средбата беа разменети аргументирани мислења за актуелните и претстојните реформи во правосудството.

Претседателката Сиљановска-Давкова и министерот Филков се согласија да остваруваат редовни средби поврзани за нивните надлежности низ призма на правото и правдата, соопштија од Кабинетот на претседателката.