На Клиника за инфективни болести во Скопје недостигаат 100 вработени, но дури и тие работни места сега да се одобрат, нема кој да биде вработен, рече на денешниот брифинг со новинарите директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, посочувајќи дека со доктори инфектолози во земјава е критична. Тој најави дека во струмичката болница ќе се пензионираат 75 вработени, додека во Гостивар нема да има доктор по судска медицина. Според него, на здравството во земјава му е потребна општа реорганизација.
Клековски го потенцираше и проблемот со недокументирање на потрошувачката на лекови во болниците.
Основниот интернистички преглед ќе чини од 10 до 15 денари. Клековски рече дека сегашната цена не е сменета повеќе од 10 години. Клековски рече и дека ќе има зголемување на капитацијата на матичните лекари. Тој рече дека се во разговори со Здружението на приватни лекари, со стоматолози и гинеколози, но не даде повеќе детали.