Без доволно инсулинска терапија и ленти за мерење на шеќер во крвтта . Проблемите на дијабетичарите ќе продолжат и во новата година. Обвинуваат дека за 2025 година им е определен буџетот од 860 милиони денари, кој велат не е ни оддалеку доволен за инсулин и анти дијабетна терапија.
-Да се зголеми буџетот да бидеме вклучени во програмиарњето на следниот тендер и на следните побарувања при истите кои што ќе се составуваат ние сакаме дијалог доколку не го имаме дијалогот како што беше до сега со ова намалување ние мислиме дека ќе порасне нашиот револт и ќе мора да излеземе на улица малце, рече Диме Велев од Сојуз на дијабетичари.
Од Министерството за здравство пал тврдат дека лицата со дијабет ја добиваат потребната терапија и нјавија обезбедување на дополнителна средства за истата.
-Со новата двогодишна јавна набавка ќе биде обезбедена најсовремена здравствена терапија. Во соработка со надлежните институции континуирано се прават напори за обезбедување дополнителни средства за медицински помагала за пациентите со дијабетес, рекоа од Министерство за здравство.
Според статистиката бројот на дијабетичари расте. Во Македонија има 120.000 регистрирани дијабетичари, од кои 4.000 се со тип 1.