ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Сиљановска Давкова: ЕУ членството ќе стави крај на заканите од дестабилизација и...

Сиљановска Давкова: ЕУ членството ќе стави крај на заканите од дестабилизација и ќе гарантира траен мир

307

Признавам, за мене ЕУ е сè уште е најпосакуваниот демократски политички систем и наш дом. Не случајно денес граѓаните на членките на ЕУ имаат подобро мислење од нејзиниот демократски капацитет – додаде таа

Мој основен политички инструмент во политиката беше и ќе остане дијалог воден со добра волја, порача претседателката Гордана Сиљановска Давкова во нејзиното прво годишно обраќање во Собранието.

Говорејќи за Европската унија и проширувањето, Сиљановска Давкова истакна дека ЕУ лидерите никогаш не треба да изумат дека европската заедница беше мировен проект што гарантира вечен мир, но, сепак денес војуваат европски држави.

–Знам дека реалистите ќе коментираат дека ја критикувам ЕУ заради односот кон нас, бидејќи ние целиме кон Унијата, а не Унијата кон нас, но и јас имам право критички да размислувам како балканка која се доживува како Европејка и очекува европско однесување од ЕУ – порача претседателката.

Таа вели дека на секоја средба со ЕУ лидерите ја потенцира нужноста од проширувањето со земјите од Западен Балкан.

–Признавам, за мене ЕУ е сè уште е најпосакуваниот демократски политички систем и наш дом. Не случајно денес граѓаните на членките на ЕУ имаат подобро мислење од нејзиниот демократски капацитет – додаде таа.

Претседателката порача дека е време за храбар исчекор по примерот на оној од 2004 година.

–Тоа значи реинтеграција на нашиот регион, бидејќи Балканот е природен дел на Европа – географски, историски и културно. Европската идеја е уникатна политичка филозофија поддржана од сите политички актери и граѓани во регионот – додаде таа и заклучи дека ЕУ членството ќе биде можен мотив што ќе стави крај на заканите од дестабилизација и ќе гарантира траен мир.