ПОЧЕТНА СВЕТ Нов напад во Германија – пукање пред шопинг центар во Берлин

Нов напад во Германија – пукање пред шопинг центар во Берлин

168

Синоќа имало пукање пред трговски центар во Берлин, кога неколку напаѓачи отвориле оган врз маж.

Полицијата во саботата вечерта извршила голема акција при што едно лице е тешко повредено.

Полицискиот хеликоптер и итната помош на терен во моментов трагаат по сторителите.

Според досегашните информации, полицијата и пожарникарите биле алармирани за пукање и едно лице со прострелни рани околу 19 часот и 30 минути. Едно лице со прострелни рани опасни по живот е пренесено во болница.

Петмина загинати во терористички напад

Ова пукање се случи само еден ден по терористичкиот напад на божиќниот пазар во Магдебург. Тогаш Талеб А, 50-годишен лекар од Саудиска Арабија, со својот автомобил влетал на пазарот.

Пет лица загинаа, а повеќе од 200 се ранети.

Официјални лица потврдија дека напаѓачот е државјанин на Саудиска Арабија, кој речиси две децении живее во Германија, каде што работи како лекар. Повеќе германски медиуми го идентификуваа осомничениот како Талеб А. Во извештаите се наведува дека тој е експерт за психијатрија и психотерапија. Се уште не е утврден мотивот поради кој Талеб А. налета на толпата. Наводно, насилникот со години на интернет искажувал исламофобични ставови.