ПОЧЕТНА СВЕТ Зеленски: Навистина сакам мир, но, како да се заврши војната без преговори...

Зеленски: Навистина сакам мир, но, како да се заврши војната без преговори со Путин

24

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази надеж дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп може да одигра улога во завршувањето на војната со Русија.

-Навистина сакам Трамп да ни помогне и да стави крај на оваа војна, рече Зеленски на конференцијата во Брисел, каде што учествуваше во Советот на ЕУ.

Тој ја истакна клучната важност на американската поддршка во борбата на Украина за мир и независност, истовремено признавајќи ја значајната улога на Вашингтон во обликувањето на исходот од конфликтот.

-Ја чекаме инаугурацијата на новиот претседател Доналд Трамп и би сакале да започнеме сериозен план за да го запреме Путин, додаде тој.

Зеленски, исто така, ја покрена можноста за преговори со рускиот претседател Владимир Путин, велејќи: „Навистина сакам мир. Но, како да ја завршите војната без преговори со Путин?

-Сметам на фактот дека ќе имаме единство меѓу Соединетите Американски Држави, како што реков, и европските лидери, посочи тој.

Трамп претходно изјави дека доколку биде реизбран би можел да го прекине конфликтот во рок од 24 часа, но допрва треба да ги елаборира деталите од неговиот план.