ПОЧЕТНА СВЕТ Деветнаесетгодишник со нож усмрти еден ученик, а повреди уште пет деца и...

Деветнаесетгодишник со нож усмрти еден ученик, а повреди уште пет деца и наставничка во училиште во Загреб

420

Деветнаесетгодишно момче со нож усмрти еден ученик, а повреди уште неколку деца и една наставничка во основното училиште „Пречко“ во Загреб, пренесува Хрватската национална телевизија (ХРТ).

Според информациите од хрватските медиуми, починатото дете има седум години, а повредени се пет деца.

Напаѓачот, пак, и самиот учел во училиштето и живеел во негова близина.

По инцидентот се обидел да се самоубие, но полицијата го спречила. Повредените ученици и наставничката се итно пренесени во болницата „Свети дух“ во Загреб.

-Примени се неколку лица со тешки телесни повреди и исеченици по телото. Женското лице има убодни рани во пределот на градниот кош и беше подложено на итен оперативен зафат. Во моментот се наоѓа во животно загрижувачка опасност, се вели во соопштението од болницата, пренесува ХРТ.

Повредените деца се пренесени во болниците во Загреб.

-Едно од децата има седум, друго 11 години. Имаат повеќе убодни рани, но се надвор од животна опасност. Се вршат анализи со кои ќе се утврди дали на некое му е потребна операција. Детето кое со хеликоптер било пренесено во болницата во Дубрава, односно во нивниот хелиодром, е пренесено во КБЦ Загреб. Детето е надвор од животна опасност, информираат од Клиниката за детски болести во Загреб.

На местото на настанот има полициско обезбедување и амбулантни возила со докторски екипи. На училишното игралиште слета и хеликоптер.