Министерството за надворешни работи предлага измените на Законот за надворешни работи, кој ќе се носи во редовна постапка, со вклученост на јавноста.
Министерот Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција рече дека со овие предлог-законски измени се создава законска основа за реализација на два важни приоритети на Министерството и Владата.
Првиот приоритет е професионализацијата на дипломатската служба и подобрување на работењето и функционирањето на целокупниот државен систем вклучен во дипломатските процеси. Вториот приоритет е преземањето на надлежностите во делот на надворешната трговија и инвестициите.