ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Судот определи 30 дена притвор за 9 уапсени во „Адитиви“

Судот определи 30 дена притвор за 9 уапсени во „Адитиви“

77

Кривичниот суд Скопје ги прифати предлозите на јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и определи мерка притвор во времетраење од 30 дена за 9 лица кои беа приведени вчера, а во врска со големата полициска акција во случајот „Адитиви“. Поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, е еден од лицата за кои судот ја одобри мерката притвор. Покрај ова определени се мерки за претпазливсот за вкупно 13 лица.

КРИВИЧЕН СУД СКОПЈЕ:

За осомничените – В.С., П.С., М.С., М.Ј., Д.С., Н.С., Р.С. и П.М.судот го прифати предлогот на Основниот јавен обвинител и им определи мерки притвор во траење од 30 дена, заради постоење опасност од бегство, вијание врз сведоци и Околности дека може да го повтори делото, за осомничениот М.С. , имајќи ја предвид неговата возраст и преземените дејствија, судот му определи мерка куќен притвор.

За Васко Ковачевски пак, поранешен директор на ЕСМ осомничен во случајот, кој се уште се наоѓа надвор од државата, јавен обвинител доставил предлог до судот кога ќе биде обезбеден да се определат мерки за претпазливост и да му биде одземен пасошот, но од Кривичен за тоа ќе одлучуваат откако ќе биде вратен во државата. Министерот за внатрешни работи пак Панче Тошковски, рече дека Ковачевски не се откажал од македонското државјанство, но не одговори дали полицијата има информации во која држава се наоѓа.

-Она што е факт е дека посоченото лице е во рамки на регистарот на државјани на Македонија. Истото е државјанин македонски и не побарало отпуст согласно информациите коишто ги имам, во однос на останатиот дел од прашањето не би сакал да шпекулирам и би оставил да органите на прогон заедно со сите останати институции постапат во иднина и го изведат предметното лице пред судот и пред лицето на правдата, рече Тошковски.

На денешниот брифинг со новинарите шефот на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Ислам Абази, рече дека акцијата адитиви се одвива и денеска, вкупно се реализирани 77 претреси, при што извести дека биле одземени 208 илјади евра во ќеш, обемна документација, мобилни телефони како и возило марка БМВ. Случајот Адитиви опфаќа вкупно 23 лица, а осомничените се товарат дека злоупотребиле јавни набавки за набавка на адитиви и со тоа направиле штета од 6,5 милиони евра. Тошковски рече дека штетата на крај може да биде и поголема.