Поранешениот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски е меѓу уапсените лица осомничени за криминал во работењето на РЕК Битола, според неофицијални информации.
Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека во тек е акција, но повеќе детали најавуваат за подоцна.
-Во тек е полициска акција во координација со ОЈО ГОКК. По завршувањето на истата ќе ја известиме јавноста, велат од МВР.
Според првичните информации уапсени се голем број на физички лица, а опфатени се и неколку правни лица од повеќе градови.