ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Мицкоски: Васко Ковачевски е избеган, но ќе го обезбедиме

Мицкоски: Васко Ковачевски е избеган, но ќе го обезбедиме

397

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција на која најави нова странска инвестиција, потврди дека поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, е во бегство.

Според Мицкоски, единствено Ковачевски е недостапен за органите на прогонот, додека останатите 22 лица осомничени за криминал во врска со работењето на електраните РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино, како што рече, се обезбедени.

-Имаме 23, минус еден можеби е избеган, но очекувам да биде обезбеден пред правдата. Не, не е во државата, но очекувам да го обезбедиме, рече Мицкоски.

Според шефот на Владата, направен е криминал во размер од 6,5 милиони евра и најави дека во периодот кој што следи уште многу сомневања ќе излезат во јавноста како материјализирани од органите на прогонот.

-Од информациите кои ги имам, од министерот Тошковски, од директорот Јанев, станува збор за доброорганизирана група на високи претставници на компанијата и лица кои управувале со други правни субјекти. 6,5 милиони евра е криминалот, има многу докази, но мора да веруваме во презумпцијата на невиност, но тоа што е најдено е навистина загрижувачки, наведе претходно тој.

Покрај Ковачевски, во медиумите се споменуваат и други поранешни функционери поврзани со работењето на АД ЕСМ, како васко Стефанов, Ардијан Муча и Пеце Матевски.