МВР информира дека вчера попладне во 18 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Р.(53) од Скопје затоа што во семејниот дом физички ја нападнал својата 49-годишна сопруга, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.