ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Прва изјава од Артан Груби кој е на црната листа на САД...

Прва изјава од Артан Груби кој е на црната листа на САД – еве што порача

887

Во недостиг на детални информации, дознав од медиумите за денешната одлука на Стејт департментот, напиша на ФБ, Артан Груби

Како човек кој мојот јавен живот го посветив на одбраната на западните демократски вредности и кој секогаш посветено работев за членството на земјата во НАТО и во Европската Унија, оваа одлука ме засега директно и лично.

Ќе се обврзам со сета посветеност и максимално, заедно со сите наши пријатели и партнери, со кои ја споделувавме визијата и работевме со години за интеграција на земјата во евроатлантските структури, целосно да го разјасниме ова прашање.

Транспарентноста и посветеноста на демократските вредности и понатаму ќе бидат главниот столб на секоја моја акција.

Фејсбук статус на Артан Груби