Најмалку 20 лица загинаа, меѓу кои четворица медицински лица, во израелски напад врз областа околу една од последните преостанати болници во северниот дел на Газа, соопштија денеска палестинските здравствени власти. Меѓу загинатите има најмалку осум цивили, јавува „Ројтерс“, наведувајќи дека здравствените служби во Газа не можат да го потврдат точниот број на жртви, а израелската армија не објави детали за нападот.
Израелската војска соопшти дека распоредува дополнителни сили на Голанската висорамнина во близина на сириската граница за да ја зајакне одбраната во областа.
Според Палестинската здравствена управа под контрола на Хамас, најмалку 44.664 Палестинци се убиени, а 105.976 се ранети во израелската воена офанзива врз Газа од 7 октомври 2023 година.