Во емисијата „Inside 21“ која беше посветена на несреќата на автобусот на Беса Транс во Бугарија, при што загинаа 45 македонски државјани.
ТВ21 разговараше со тогашната шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, која кажа дека според нејзините информации, случајот во Бугарија е затворен.
„На колегите од Бугарија им ги предадовме сите материјали кои ги имавме. Колку што имам информација, случајот во Бугарија е затворен, наводно дека шоферот бил виновен за страшната несреќа“, изјави Русковска.
Таа кажа дека одговорност мора да има и меѓу нашите институции.
„Бидејќи предметот е во надлежност на Јавното обвнителство, немам информации до каде е. Но, некој мора да сноси одговорност, со оглед дека немале лиценци за меѓународен сообраќај на лица, и не само од компанијата, туку цариници и полицајци, затоа што тие автобуси многу често поминувале преку граница“, рече Русковска.