ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА АХВ унушти небезбедно месо, млечни производи и 66 литри јогурт – парични...

АХВ унушти небезбедно месо, млечни производи и 66 литри јогурт – парични казни за 23 продавници за храна

481

Уништени се триесетина килограми небезбедни производи, како замрзното месо, млечни производи, преработки од месо и над 66 литри јогурт. Ова е резултатот од контролите на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), спроведени минатата недела во малопродажни објекти, како мини маркети и продавници за храна.

-Направени се 192 вонредни надзора, а притоа за утврдени недостатоци се издадени вкупно 30 решенија со наредени мерки за нивно отстранување, а изречени се и 23 парични казни, информираат од АХВ.

Според АХВ, контролирана е исполнетоста на хигиенските барања за безбедност на храната, здравствените барања за вработените лица, температурниот режим на чување на храната, како и дефинираните рокови на трајност на производите.

Од контролите е утврдено дека 12 малопродажни објекти воопшто не се регистрирани во Агенцијата како оператори со храна, во девет објекти вработените немаат извршено задолжиелни здравствени прегледи, а девет оператори не ги задоволувале хигиенските барања за безбедност на храната.