ПОЧЕТНА ЕКОНОМИЈА БУМ: Ценатата на биткоинот за првпат ја надмина границата од 100 илјади...

БУМ: Ценатата на биткоинот за првпат ја надмина границата од 100 илјади долари

30

Цената на најпознатата криптовалута биткоинот за прв пат ја премина границата од 100 илјади долари, пренесува „Гајрдијан“. Со тоа, достигна нова рекордна вредност. Ова се случува откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека ќе усвои низа политики што поддржуваат криптовалути.

Инаку, биткоинот го достигна највисокото ниво само неколку часа откако Трамп најави дека ќе го назначи Пол Аткинс, силен поддржувач на криптовалутите за шеф на американската Комисија за хартии од вредност.

Се смета дека Аткинс е попогоден за оваа позиција од сегашниот Гери Генслер.

Преминувањето на границата на биткоинот предизвика големо славење меѓу љубителите на криптовалути.

Ова е само продолжение на растот на биткоин откако на 6 ноември веќе беше јасно дека Доналд Трамп повторно ќе биде американски претседател. Тогаш, биткоинот порасна за 6 000 долари и се искачи на рекордно високо ниво од повеќе од 74 000 долари. Само една недела подоцна се искачи на 90 000 долари, продолжи на 95 000 и сега надмина 100 000 долари.

Доналд Трамп, од најголем скептик кон криптовалутите, сега прерасна во нивен најголем поддржувач.

Прво, велеше дека тоа не се пари и дека се засноваат „на воздух“. Но, потоа во својата изборна кампања се појави на најголемиот собир на трговци со криптовалути во Нешвил, кога најави создавање на национална резерва за биткоин.

Постигнувањето на шестцифрената цена, за економистите е значителна пресвртница за биткоинот.

-Поминувањето на биткоинот од 100 000 долари е повеќе од само пресвртница. Тоа е доказ за промена на плимата и осеката во финансиите, технологијата и геополитиката, рече Џастин д’Анетан, независен криптоаналитичар од Хонг Конг.

Дигиталната валута е создадена во 2008 година како низи од компјутерски кодови, без физичка форма, од развивач на софтвер, што го користи псевдонимот Сатоши Накамото, чиј идентитет сè уште не е потврден.

Поддржувачите ја поздравија монетата и поширокиот крипто простор, како иднина на финансиите.

Досега не се остварија предвидувањата дека биткоинот може да стане главно алтернативно средство за плаќање на стоки и услуги.