ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ДСЗИ не најде пропусти во вонредниот надзор во кумановската болница каде почина...

ДСЗИ не најде пропусти во вонредниот надзор во кумановската болница каде почина родилката

34

Починатата 31 годишна родилка од Куманово била здрава, со уредно контролирана бременост, редовни прегледи во кои немало отстапувања од нормалните параметри. Ова го констатирале инспектори од ДСЗИ при вчерашниот вонреден надзор кај матичниот гинеколог каде ја прегледале целата медицинска документација на починатата. Пропусти не констатирале ниту во кумановската болница каде дојде до ненадејната смрт за време на породувањето.

Веќе починатата родилка била примена на акушерското одделение на 26 ти кога и направиле ехо и цтг.

-Ден по приемот, на 27 е поставена индикација за породување и околу 15 часот е отпочнато со аплицирање на терапија за отпочнување на породувањето а истата терапија е повторно дадена во 19.30 часот кога дошло до нагло влошување на состојбата на родилката, после што е спроведена во операциона сала и направен царски рез од дежурен лекар специјалист акушер, специјализант и специјалист анестеилог. Во 20.30 часот е изваден плодот а во 20.40 е прогласена смрт од страна на анестезиологот, вели д-р Кирил Лазов, директор на ДСЗИ.

По барање на Министерството за здравство, формираната стручна Комисија од гинеколози, анестезиолог, неонатолог и претставник од МЗ ќе испитуваат дали има пропусти во третманот и начинот на лекување на родилката.

Во судска медицина се уште ги прават неопходните анализи и целокупниот обдукциски наод ќе го достават до обвинителстото. Овој извештај треба да покаже од што починала родилката а доколку има потреба ќе има и дополнителни вештачења за евентуална поврзаност на лекувањето со смртта.

Новороденчето се уште е во тешка здравствена состојба и не на респиратор на одделот за интезивна нега на Детска.