ПОЧЕТНА СВЕТ Белата куќа: Иран се подготвува директно да го нападне Израел

Белата куќа: Иран се подготвува директно да го нападне Израел

75

Висок претставник на Белата куќа рече дека САД веруваат оти Иран се подготвува „веднаш да изврши балистички напад врз Израел“.

„Постојат индиции дека Иран подготвува непосреден балистички напад врз Израел“, се вели во целосната изјава што ја пренесоа „Си-Ен-Ен“ и други светски медиуми.

„Ние активно ги поддржуваме одбранбените подготовки за да го заштитиме Израел од овој напад. Директен воен напад на Иран врз Израел ќе има сериозни последици за Иран“, продолжува изјавата.

„САД се подготвени да направат сè што можат за да му помогнат на Израел да пресретне сè што Иран ќе упати кон него“, изјави американски претставник за „Си-Ен-Ен“.

Да потсетиме, Иран во април лансираше бран беспилотни летала и проектили кон Израел – од кои огромното мнозинство беа успешно пресретнати.

Засега не е јасно колку овој потенцијален напад би бил силен во споредба со оној во април.