Премиерот на македонската влада, Христијан Мицкоски во Охрид е домаќин на Виктор Орбан, претседател на Владата на Унгарија кој е во посета на Македонија со делегација од неговиот кабинет. Средбата, како што вели Мицкоски, била плодна и пријателска, а Македонија во Унгарија гледа партнер во европската сцена и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција.
Историјата сведочи за нашиот заеднички стремеж кон мир, просперитет и соработка. Унгарија во минатото беше еден од првите наши партнери кој ги препозна македонските стремежи за независност и суверенитет. Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат, а денешните средби само го потврдуваат нашето стратешко сојузништво.
Унгарија не е само наш партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција, објави Мицкоски во статус на Фејсбук.