ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ЈСП повторно во финансиски проблеми, Арсовска бара нови субвенции од 2,6 милиони...

ЈСП повторно во финансиски проблеми, Арсовска бара нови субвенции од 2,6 милиони евра

48

Субвенции во висина од 2,6 милиони евра бара градоначалничката Арсовска од Советот на Град Скопје за потребите на ЈСП поради финансиски проблеми што ги има ова јавно претпријатије.

Во образложението поднесено до советниците стои: „Во насока на подобрување на транспортната услуга на граѓаните на подрачјето на градот Скопје како и непречено одвивање на јавниот превоз, се предлага сумата од 485.000.000 денари да се заменува со износ од 645.000.000“.

Во јануари месец годинава по неколку тензични седници во Советот ЈСП доби субенции во висина од 11 милиони евра. Во тоа беше вклучено бесплатниот превоз на пензионери и студенти, потешкотии при работењето, плата за вработените и функционирање на АВЛ системот и смарт тикетингот. Вработените во обид да направат притисок врз советнице дури и го стопираа јавниот превоз. Тогаш Арсовска пред вработените им соопшти дека се обезбедени пари до крајот на годината и дека ќе има за нормално функционирање на претпријатието.