ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ВИДЕО: Хумани луѓе влегоа во Вардар за да спасат куче

ВИДЕО: Хумани луѓе влегоа во Вардар за да спасат куче

292

ЈП „Лајка“ денес добило пријава дека куче паднало во реката Вардар во Скопје, но пред екипата на јавното претпријатие да успее да стигне да интервенира, побрзи биле неколкумина граѓани кои го забележале и го спасиле кучето.

Од „Лајка“ информираат дека кучето од расата шкотски овчар е однесено во нивното прифатилиште и дека таму ќе остане се до пронаоѓање на сопствениците и негово враќање.