Како што објави ЕМСЦ, епицентарот е во околината на Скопје, на длабочина од 6 километри
Според информациите на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот бил со јачина од 2,9 степени според Рихтер.
Како што објави ЕМСЦ, епицентарот е во околината на Скопје, на длабочина од 6 километри.
Земјотрес со јачина од 3,4 степени по Рихтеровата скала беше почувствуван завчера вечерта во Македонија, а епицентарот беше во Скопје.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, 24.09.2024 година, во 21 часот и 46 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопското епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.9.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и пошироката околина, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Сеизмолошка опсерваторија
при Природно-математичкиот факултет во Скопје