ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Хаос со преводот на спикерот Гаши

Хаос со преводот на спикерот Гаши

91

Хаос со говорот на претседателот на Собранието, Африм Гаши, на прес-конференцијата со колешката од Албанија, Елиса Спиропали. Гаши најпрво и посака добредојде на Спиропали на албански јазик, а говорот го продолжи на македонски.

“Мислам дека тоа е можно, имајќи предвид дека нашите општества се развиваат уште повеќе и има поголема политичка волја и простор за интензивирање на соработката”, рече Африм Гаши, претседател на Собранието на Република Северна Македонија.

Гаши му сигнализираше на преведувачот, посочувајќи дека треба да продолжи со албански превод на тоа што го кажал на македонски. Но, преведувачот очигледно не разбрал. Тој освен што не преведе на албански, туку го продолжи говорот, кој Гаши се уште го немаше кажано на македонски.

Гаши потоа го продолжи говорот на македонски јазик, додека преведувачот зборуваше на албански. Но, се чини, Гаши, за миг изнервиран од преведувачот, почна и самиот да го преведува.

Гаши потоа продолжи на македонски јазик, а следните делови повторно му ги довери на преведувачот.

„Дефинитивно треба да продолжи изградбата на патишта, енергетски и железнички врски меѓу нашите две земји во рамките на Коридорот 8 со цел поголема размена на луѓе, стоки и услуги за кои постои голем потенцијал“, рече Африм Гаши, претседател на Собранието на Република Македонија.

По хаосот, Гаши на самиот крај го продолжи говорот на албански јазик, додека преведувачот на македонски.

Извор: Алсат-М