Не е прифатен предлогот за исклучување на јавноста од судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Судот го одби барањето од мајката и сестрата на Вања за исклучување на јавноста.
не постојат законски пречки ниту законски основ за исклучување на јавноста од целата главна расправа. Таткото е оштетен и жртва во оваа постапка, кажа тој.
Судењето почнува денеска, а во судница покрај четворицата обвинети, се појави и првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо, откако ОЈО ги спои предметите.