ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Падна кредитниот рејтинг на Град Скопје, долговите мора да се отплаќаат навреме

Падна кредитниот рејтинг на Град Скопје, долговите мора да се отплаќаат навреме

51

Рејтинг агенција „Стандард и Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на градот од позиција „ББ-“ на „Б+“, што сепак означува стабилна перспектива, која се карактеризира со ниско ниво на директно задолжување на Град Скопје и со скромни годишни отплати на долгот.

Скопје продолжи да акумулира заостанати долгови кон добавувачите во текот на 2024 година, при што вкупниот долг од 450 милиони денари на крајот на 2023 година до крајот на јуни годинава порасна на 700 милиони денари. Притоа, Градот располага со ликвидни средства со кои може да покрие половина од акумулираните обврски и на отплатите на главнината на долгот во следните 12 месеци, но не е во можност да се задолжува поради конфронтацијата меѓу градоначалникот и градскиот совет.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Ова е наведено во извештајот на глобалната рејтинг агенција „Стандард и Пурс“ како причина поради која агенцијата го намали кредитниот рејтинг на градот од позиција „ББ-“ на „Б+“, што сепак означува стабилна перспектива што се карактеризира со ниско ниво на директно задолжување на Град Скопје и со скромни годишни отплати на долгот.

Стабилната перспектива ги урамнотежува ризиците од ограничената ликвидност на Скопје, зголемените обврски и несигурната и конфронтирачка политичка динамика наспроти ниската состојба на директен долг со скромни годишни отплати на главнината и каматите, кои очекуваме Скопје да ги исполни навреме и во целост, се вели во извештајот.

Од „Стандард и Пурс“ објаснуваат дека причина за ваквата состојба според нив е послабото финансиско менаџирање и постојани тензии меѓу градската администрација и советот. Се претпоставува дека недоразбирањата меѓу градоначалничката и советот нема да се надминат до следните локални избори во 2025 година, иако тоа има негативни последици врз способноста на општината да се задолжува и да ја спроведе својата програма за јавни инвестиции.

Од Агенцијата посочуваат дека финансиското работење на Градот ослабело во текот на 2020-2022 година, а Скопје не се задолжува од 2021 година, делумно поради политичките несогласувања, поради што Советот не одобри ново задолжување, иако тоа е буџетирано и за 2023 и за 2024 година.

Лесно достапната ликвидност на Скопје постојано се намалува, дополнително под притисок на тековните отплати на долгот склучен во минатото, и достигна 45 милиони МКД на крајот на 2023 година – најниско ниво во последните години. Иако пријавената ликвидност зајакна на 400 милиони МКД до крајот на јули 2024 година, сметаме дека тоа во голема мера е предизвикано од одложувањето на плаќањата кон добавувачите од приватниот сектор и јавните компании. Износот на градските обврски што доспеваат, но допрва треба да се подмират, се зголеми на околу 700 милиони МКД на крајот на јуни од 450 милиони денари на крајот на 2023 година (како и 54 милиони денари на крајот на 2022 година и вообичаено пониски пред ова). Сметаме дека овој одржлив пораст на обврските укажува на континуиран притисок на ликвидноста и послаба дисциплина за плаќање – посочуваат од „Стандард и Пурс“.