ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Браво за Орце: Ќе се реконструира спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода

Браво за Орце: Ќе се реконструира спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода

18

Владата даде амин на проектот на Општина Кисела Вода за реконструкција на спортската сала „Расадник“.

На последната седница на Владата беше усвоена информацијата за реализација на проекти од Програмата за изградба и реконструкција на спортски објекти за 2024 година од страна на Министерството за спорт, меѓу кој се најде и санацијата на спортската сала „Расадник“.

Од Владата информираат дека од страна на Општина Кисела Вода е подготвен Проект за реконструкција на мултифункционалната спортската сала „Расадник“, која ќе биде со капацитет за 1.000 до 1.500 гледачи.