ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА УЖАС: Автомобил се запалил во движење во Карпош, интервенирале пожарникари

УЖАС: Автомобил се запалил во движење во Карпош, интервенирале пожарникари

836

Вчера во Скопје, на подрачјето на општината Карпош, во движење се запалил автомобил „Форд“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 21-годишниот Д.Б., соопшти МВР.

Интервенирала Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и огнот бил изгаснат, а повредени лица нема, објави Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.

Полицијата извршила увид на местото на настанот.