ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ќе се реконструира спортската сала во кампусот на УКИМ

Ќе се реконструира спортската сала во кампусот на УКИМ

13

Министерството за спорт соопшти дека се обезбедени средства за реконструкција на спортската сала во општествениот кампус на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ).

Во Ректоратот на УКИМ вчера се одржал состанок на кој присуствувале министерот за спорт Борко Ристовски и ректорката Биљана Ангелова. На состанокот бил утврден акционен план за реализација на проектот за ставање во употреба на спортската сала „Св. Кирил и Методиј“ во кампусот на Универзитет.

Како што соопштија од Министерството, целта е оваа сала во која настава ќе изведуваат студентите на Универзитетот, во најкраток можен рок да биде ставена во функција.

Во салата ќе се изведува настава за над 1.500 студенти на Универзитетот.

-Во интерес на непреченото одржување на наставата, тренинзите и другите спортски активности на УКИМ, Министерството за спорт ќе се заложи во најкраток можен рок оваа сала да биде ставена во функција, за бенефит да имаат спортот и сите студенти на УКИМ – истакна Ристовски.

Реконструкцијата на салата ќе се одвива во неколку фази и се очекува во најкраток рок таа да биде подготвена за потребите на студентите на Универзитетот. Салата ќе биде во сопственост на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје согласно склучениот Договор.