Пратениците денеска го изгласаа законот за задолжување од 500 милиони евра кај Унгарската експорт-импорт банка.
„За“ гласаа 65, додека пак против гласаа 15. Воздржани немаше.
Инаку, на гласањето му претходеше едночасовна дискусија во која опозицијата се изјасни дека ќе гласаат против, додека пак власта го бранеше законот.